Премиерот Заев за време на денешната работна посета на Битола, ги повика претставниците од бизнис секторот од Битола да аплицираат по мерките, да ги исцрпат предвидените средства, за сите заедно придонесат кон раст и развој на економијата. Во државниот буџет обезбедени се рекордни 10,5 милиони евра за поддршка на малите и средни претпријатија.
ВИДЕО


 
„Економскиот план обезбедува поддршка и за брзорастечките компании, таканаречени „газели“, со 30% поврат на направените инвестиции. За микро компаниите овозможуваме поддршка до 30% од направените инвестиции и за развој на иновативноста на микро, малите и средни компании со поврат до 70% од направените инвестиции во активности поврзани со иновации“, нагласи премиерот Заев.

Заев и Анѓушев ги презентираа мерките за поддршка на мали и средни претпријатија и политиките за поддршка на пораст на платите.
 
Пред битолските стопанственици, премиерот истакна дека Владата и економските ресори ги продолжуваат политиките на пораст на платите и рече дека со оваа мерка државата обезбедува директна финансиска поддршка од 30 % од растот на бруто плата на работници во трудоинтензивните дејности.
 
Анѓушев ги повика стопанствениците да аплицираат по мерките од Планот за економски раст кои веќе се активни, и за кои рече дека предизвикуваат голем интерес. Како што информираше вицепремиерот за овој краток временски период веќе се доставени 170 апликации по мерките за поддршка од третиот столб.


 
„Мерките важат за сите компании. Најголема поддршка е определена за микро, мали и средни претпријатија. Јас сум среќен што на објавениот оглас на Фондот за иновации и технолошки развој којшто е отворен до јули веќе се пристигнати 170 апликации што значи интересот е голем,“ соопшти вицепремиерот Анѓушев
 
„Генералната идеја е да им помогнеме на оние компании коишто имаат потенцијал, да растат и да ја зголемуваат соработката со сите компании и на тој начин да им помогнат и на другите компании да остваруваат раст со што сите економски субјекти би придонеле заедно кон економски раст на државата“, истакна вицепремиерот Анѓушев.
 
Текстилната и кожарската индустрија, како што рече вицепремиерот Анѓушев, се ослободени од вториот критериум којшто се однесува за ненамалување на просечниот број на вработени и ги објасни мерките за поддршка коишто се однесуваат на мали и средни претпријатија.
 

извор: Makfax