Четири часот наутро по источно американско време, но во тие ситни саати не спие нашиот соговорник Јетон Селмани кој веќе 6 месеци пресојува во САД – вели повеќе не ги бројам деновите, туку минутите, гледам во часовникот но времето не проаѓа. Непроспиените ноќи ги минувам буден со шоља кафе, размислувајќи како да се вратам во родната Струга. Ни раскажа дека дошол на гости кај својата ќерка заедно со семејството кое успеало да се врати дома, пред појавата на пандемијата на коронавирусот.

Срцето не можеш да го поделиш вели Јетон кој одлучил да го продолжи својот престој, со цел да му помогне на чедото кое свило свое гнездо во Америка. Кога вирусот почна да се шири и во Македонија загрижен за своите, одлучил да се врати дома. Контактирал со дипломатските претставништва во САД од каде го упатиле соодветно да се пријави со обрска навремено да го информираат за датумот на хуманитарниот лет кој наводно го организирала државава, за после еден месец да му кажат дека нема ништо од хумантираниот лет. Тој веднаш стапил во контакт со нашето министерство за надворешни работи.

Два, три пати сум контактирал со нашето министерство за надворешни работи. И што ти рекоа? Ми рекоа дека сеуште немаат олучено за тој лет. После вториот пат ми рекоа дека нема толку наши државјани надвор во Америка, немаат рачун да пуштаат таков вид на лет и им реков, па ние што треба да правиме сега, како да се вратиме? Сега за сега седете таму па ќе видиме понатака, тоа беше одговорот. Сега не знам што ќе се случува. Од кога зборувавме , откако се затворија веќе аеродромите, рекоа дека треба да се снајдеме од некоја страна – вели Јетон Селмани за Алфа.

И Јетон е само еден од Mакедонците кои во безизлез останаа во Америка. Не има вели многу од цела Македонија, постојано сме во контакт, ја споделувaме маката загрижени и за нашите семејства. Јетон низ солзи, во име на сите Mакедонци моли за помош.

Изјава Јетон Селмани: За цела фамилија се секирам, не ми е лесно овде. Што ви велат кога ќе се слушните? Како да се не плашат,не е лесна работа не знам што да ви кажам многу ми е тешко и мене овде. И тие се многу насекирани за мене, не останал човек што не ме побара. Не обвинувам никого, никој не е крив ова е вирус не е само кај нас туку низ цел свет, но ќе замолам ако нешто може да се направи нашите државјани да се вратат во свите куќи и своите фамилии – додава Селмани.

Јетон појаснува дека и со оние малку авиолинии кои можат да се искористат од САД никој не им гарантира дека ќе стигнат во Македонија, бидејќи летаат до некои од европските престолнини. Што ако останеме заглавени во туѓа земја без никој свој и со малку пари во џебот, гласно размислува Јетон кој има само една желба – да стигне дома.

Извор: Алфа тв