Навивачката група „Шврецери“ на фудбалскиот тим „Шкупи“ во петокот влегла во Македонскиот народен театар да го прослави својот 30 годишен јубилеј и да го проследи документарниот филм снимен по овој повод.

Според првичните информации, толпата навивачи дивеела во театарот и направила значителна материјална штета која во моментов ја проценуваат екипи на Министерството за внатрешни работи.

Од видеа од прославата објавени на јутјуб и социјалните мережи, се гледа дека навивачите бурно скандираат качени на столиците со удирање по инвентарот во салонот на МНТ.

извор: Makfax