Постои чуден чопор во кинеските планини. Две жени и 13 волци функционираат во хармонија, тие ги хранат од својата уста со цел што повеќе да се зближат со нив.

Ксињу Жу и Жекси Лу одгледуваат 13 волци во планините Чифенг во Кина. Тие ги хранат животните од уста бидејќи на тој начин се создава посилна емоционална врска. Нивната задача е да ги подготват волците за снимање филмови, реклами и да ги навикнат на луѓето.

Волците ги прифатија двете жени како рамноправни членови на чопорот.

Ксињу Жу и Жекси Лу сметаат дека волците имаат своја нежна страна и можат да изградат блиска врска со човекот.

извор: Makfax