Жена се обидела да го наполни со гориво електричниот автомобил од бреднот „Тесла“. Ваквата, како што писшуваа дел од медиумите, интересна сцена се одиграла на една бензинска станица во САД.

Имајќи го предвид фактот дека најголем дел од бензинските пумпи во САД функционираат на принципот самопослуги, според сведоштвата на очевидци за тамошните медиуми, жената три минути се обидувала даа го пронајде капачето од резервоарот на автомобилот.

Таа не успеала бидејќи моделот “С” кој го управувала е електричен, пишуваа РТС.

извор: Makfax