Најмалку три лица загинаа, а шест се повредени во експлозија на гас во Иран, пренесуваат светските медиуми.

Инцидентот се случил во градот Ахваз, во провинцијата богата со нафта – Кузестан, во југозападен Иран.

На видео снимката, која ја емитувала државната телевизија ИРИБ, се гледаат урнатините од зградата, која е срамнета со земја и спасувачки екипи кои трагаат по преживеани, пренесе Ројтерс.

извор: Makfax