Силната експлозија што утринава се случи пред зградата на српската државна телевизија РТС ја прекина утринската програма што се емитува во живо.

Во експлозијата што се случи на паркингот на РТС загина еден градежен работник, а две лица се повредени.

Најверојатно експлодирала боца со гас која се наоѓала во возилото на работниците кои требало да отстранат дефект на системот за климатизација во телевизијата.

извор: Makfax