Денес, пред зградата на ЕВН, здружението против поскапувањето на цената на струјата „Доста веќе“ ја додели наградата на ЕВН, „Златен крадец“, за, како што велат, достигнувањата во овие години.

Според иницијативата на граѓаните, ЕВН, вклучувајќи ги ЕЛЕМ, МЕПСО и РКЕ, работат со свои правила и не ги интересираат законите и Уставот на земјата.

„Треба да ги земете предвид сметките и високите вредности на сметките за ЕВН за време на пандемијата и овие сметки го покажуваат начинот на кој тие се однесуваат мафијашки“, вели Кренар Османи од Советот на протестите против покачувањето на цената на електричната енергија.

Османи додава дека цената на сметките е различна во регионите со доминатно албанско населени со регионие со македонско население, односно цените се различни и не се исти на запад од земјата и на исток.

„Ова е 18-ти или четири и пол месеци, ги идентификувавме сите недостатоци, сите грешки, сите грешки на ЕВН, ЕЛЕМ, МЕПСО и сепак Заев и неговата Влада не наоѓаат време и волја за тоа да не контактираат и да ги одобрат барањата на народот“, рече Османи.

Османи рече дека ова ги тера да се сомневаат дека премиерот Заев е заробен од ЕВН и другите олигарси.

Наградата од оваа иницијатива, граѓаните ја оставија пред зградата на ЕВН, додека покрај новинарите кои ја покриваа оваа активност, имаше и бројни полициски сили.