На денешната дискусија во живо на фб страната на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Превенција и заштита од корона вирусот – Затоа што секој живот вреди“, доктор Душко Дуковски од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека треба да се сфати сериозноста на ситуацијата, мора да се придржуваме кон мерките за превенција и самоизолација максимално, компаниите да помогнат во борбата против вирусот.

Доктор Дуковски потенцираше дека во Кина вирусот се прошири на повеќе од 80 илјади граѓани со доста помал процент на смртност, но несфатливо висока смртност има во Европа конкретно во Италија. Во моментов се испитува дали е истата форма на вирусот или има одредени мутации, многу меѓународни фактори се вклучени во анализа и испитувања, за да се најде решение, за да се најде геноном на вирусот и да се направи вакцина.

„Проекциите се дека ќе расте бројката, да се надеваме дека ќе бидат излекувани, сите сектори во Македонија вклучително и компаниите, не само здравствениот сектор, треба да помогнат во борбата со вирусот“, вели д-р Дуковски.

Докторот вели дека во секој случај враќањето од кризните жаришта и самоизолација на грашѓаните беше мерка на превенција, но се остава на самосвеста на граѓаните, комплексна е проблематиката, затоа што се одразува на сите, особено од економска гледна точка. Самосвеста треба да биде насочена кон презервирање на животот и здравјето на граѓаните, затоа што секој живот вреди.

На прашањето што ќе се случи од болните деца од болницата во Козле при пренамената на болницата за потенцијалните заразени да бидат сместени таму, д-р Дуковски истакна дека болните дечиња би се згрижиле на Клиниката за педијатрија.

„Централната Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги следи сите информации и завземавме еден проактивен став и дел од предлозите беа прифатени од владата, и сега не е време за политика, време за да се грижиме за здравјето на граѓаните. Владата има формирано Кризен штаб за состојбата со корана вирусот, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е најбројна и има лица од повеќе профили од медицината, ние подадовме рака и стоиме на располагање“, истакна д-р Дуковски.

Тој исто така потенцираше дека треба да се сфати сериозноста на ситуацијата, сите оние коишто немаат реална причина да не одат на лекар, и во терцирарното здравство и кај матичните лекари, за да се намали притисокот на здравствениот систем. Доктор Дуковски изрази пофалба и поддршка за сите медицински работници и вели дека сите се на своите работни места и работат деноноќно.

извор: Makfax