Два авиона се судрија на московскиот аеродром Шерметјево, но во инцидентот нема повредени, пренесоа локални медиуми.

На едниот авион, во судирот му се оштетени крилјата. Станува збор за комерцијални летала на компаниите „Аерфлот“ и „Ројал флајт“.

За потсетување, тринаесет лица загинаа, меѓу кои две деца, а најмалку 6 беа повредени во пожар на почетокот на мај што избувна во патнички авион за време на итно слетување на овој московски аеродром.

Според руските медиуми, патниците претрпеле изгореници и повреди за време на евакуацијата.

извор: Makfax