,,На оваа локација, позади мене, наскоро ќе започне изведбата на нов Спортско – Адреналински парк во Општина Карпош. Станува збор за реализација на едно од главните изборни ветувања на СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев. За овој парк, Општина Карпош доби грант, неповратни средства од 890 илјади евра од страна на Светска Банка. Овој потег, од вештачката карпа до бунарите на реката Лепенец целосно ќе се разубави, со ново зеленило, како и содржини за спорт и рекреација на граѓаните”, изјави Филип Даскаловски, советник во Советот на општина Карпош.

Локалната самоуправа интензивно работи на проектни апликации за добивање на средства од европски фондови и други меѓународни институции.

,,Веќе започна со работа целосно новата градинка во Бардовци, за која беше добиен грант од околу 250 илјади евра, средства на Европската Унија, а процесот го спроведуваше Светска Банка.Во моментов, се работи на инклузивно детско игралиште во Влае 2, на плоштадот „Делфина“, за кое исто така е добиен грант од 50.000 евра од Швајцарската агенција за соработка и развој преку Скопски плански региони.

На овој начин, значително се заштедуваат и пари на граѓаните, затоа што Општината добива средства кои се неповратни.Општина Карпош е во тешка финансиска состојба, но завршено е времето кога се подигнуваа кредити и парите на граѓаните се трошеа ненаменски и расипнички.Евроатлантската перспектива секојдневно отвора нови можности, нови фондови и опции преку кои локалната самоуправа може да се развива и да оди напред.Карпош ќе продолжи да биде лидер во искористувањето на средства од европските фондови, меѓународни финански институции и други организации”, додаде тој.

извор: Makfax