Вистински скандал предизвикал утринава градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, откако наредил четири камиони полни  со градежен шут, истиот да го истурат пред влезот на приватна компанија

Голготата на сопствениците со градоначалникот започнала кога сопственикот на компанијата за технички преглед „Автовозач ФЕР“ од Делчево го пријавил шерифското однесување на шефот на локалната власт во Комисијата за спречување на корупција. Но, откако ДСКС започнале постапка за да ги истражат наодите на сопствениците на компанијата кои го пријавиле поради незаконско бришење на деталниот урбанистички план, градоначалникот започнал да со зakaните.

Како одмазда за пријавата, градоначалникот влегол во улога на шериф па започнал да му се заканува на соптвеникот. Неколку дена подоцна, утринава, пред влезот на компанијата тој без уредна наредба, повикал четири камиони на компанијата „Гранит“ да истурат градежен шут пред влезот во техничкиот преглед, со тоа попречувајќи ја работата на фирмата. Додека ова го правел, на сопствениците им посочил „сега ќе видиш кого пријавуваш во Антикорупциска“.

– Повеќе пати се обратив до државна инспекција, до државна комисија за спречување на корупција, и затоа што сум го пријавил во ДКСК намерно – тоа и ми беше најавено пред неколку дена – дека заради тоа што сум го пријавувал ќе ми истури градежен шут на самиот влез пред фирма за да не можам да функционирам. Едноставно, уништува фирми. – вели сопственикот на „Автовозач ФЕР“ од Делчево, Коста Пантовиќ во изјава за „Инфомакс“.

Најавите дека ќе му ја уништи фирмата денес утринава се оствариле, откако градоначалникот се појавил пред фирмата во „шорц“ на неработен ден, објаснува сопственикот и додава дека кога тој пристигнал пред фирмата го видел Трајковски како наредува автомобилите кои биле паркирани пред компанијата, а кои се приватна сопственост да бидат преместени.

Детален урбанистички план на кој се гледа дека просторот пред „Автовозач ФЕР“ е предвиден за паркинг, а каде градоначалникот истурил градежен шут

На прашањето на сопственикот на техничкиот преглед Пантовиќ, што прави градоначалникот и зошто, тој му одговорил:

– Сега ќе ме запамтиш, па оди нека ти помогне Државна комисија за корупција. Оди пак да ме пријавиш таму.

Во меѓувреме градоначалникот Трајковски се јавил телефонски и ги повикал камионите полни со шут. Откако пристигнале камионите на „Гранит“ градоначалникот лично почнал да им наредува на возачите да го истураат шутот пред влезот на компанијата, кој инаку е приватен.

– Му велам ‘господине што правиш нели дојде живот? Што затвораш фирми, што ги уништуваш луѓето тука?’ ‘Ти нормален ли си, имаш ли ти наредба? Какво самоволие вршиш, каков си ти градоначалник во шорц и во маица?“ – му рекол сопственикот Пантовиќ, на што градоначалникот продолжил со шерифското однесување и давал наредби кој камион каде да го истури шутот.

Infomax.mk