Пожар избувна утрово во катедрала во Нант на западниот дел на Франција, а огнот го гаснат 70 пожарникари, соопшти локалната противпожарна служба.

Видеата прикажуваат густ црн чад како излегува од скршен стаклен прозорец на катедралата, изграден помеѓу 15 и 16 век.

Пожарот избувнал во готската зграда, а пожарникарите биле повикани набргу после 7.30 часот. Екипа од 70 пожарникари е испратена на местото на настанот.

„Пожарот сè уште не е под контрола и ние работиме на гаснење“, соопшти пожарникарската служба.

Катедралата Свети Петар и Свети Павле во Нант беше зафатена со пожар во 1972 година. Тогаш беше оштетен дел од покривот, а пожарникарите го локализираа пожарот по пет часа.

Пожар избувна во катедралата Нотр Дам во Париз на 15 април минатата година, а многу медиуми денеска го споредуваат пожарот на катедралата Нант со огнот што уништи и оштети дел од Нотр Дам.

извор: Makfax