Едно лица загина во пожар кој избил во болница во Москва каде што се сместени пациенти заразени од коронавирусот, пренесуваат странските медиуми.

Пожарот наводно избувнал на приземјето, а пациентите се евакуирани во друг објект.

Противпожарните служби добиле позив околу 8.30 часот по тамошно време. Се уште не се познати причините за пожарот.

Во Русија од коронавирусот се заразени 200.000 луѓе, а починаа 1.827.

извор: Makfax