Неколку стотици симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз и на партиите од коалицијата „Можеме“ се собраа вечерва пред седиштето на СДСМ во центарот на Тетово за да ја прослават, како што велат, победата на парламентарните избори.

Десетина момчиња запалија факли стоејќи на средината на булеварот Илирија додека траеше неколкуминутен огномет, a симпатизерите славеа со знамиња и вклучени сирени на автомобилите.

Според првичните резултати што вечерва ги објави ДИК, во Тетово коалицијата „Можеме“ освоила 20,35 отсто од гласовите, а за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласале 15,39 отсто од избирачите.

извор: Makfax