На Филипините угина млад кит кој проголтал околу 40 килограми пластични кеси, соопштија морските биолози од островот Минданао.

Во текот на обдукцијата во желудникот на китот биле пронајдени околу 40 килограми пластични кеси, меѓу кои кеси од ориз и кеси од плантажи со банани.

Од желудникот на китот била извлечена голема количина отпад, а морските биолози велат дека причина за бруталната смрт е желудочен шок кој настанал откако цицачот проголтал голема количина пластика која завршила во океанот.

„Гардијан“ наведува дека пластиката за еднократна употреба се користи премногу во југоисточна Азија.

Според извештајот на здружението „Оушн Конзерваси“ за 2017 година, Кина, Индонезија, Филипини, Тајланд и Виетнам заедно фрлиле повеќе пластика во океаните од остатокот на светот.

Морскиот биолог Дарел Блатчеј вели дека во изминатите 10 години 57 китови и делфини настрадале поради голтање пластика во океаните.

 

 

извор: Makfax