Украинската ТВ-презентерка Маричка Падалко доживеа вистинска мала катастрофа кога нејзиниот преден заб испадна за време на емитување во живо, додека известуваше за коронавирусот.

Но гледачите како и нејзините колеги, беа повеќе изненадени и воодушевени од нејзината реакција кога таа мирно и без паника, го отстрани забот и продолжи со известувањата.

Вистински професионалец, затоа што малкумина ќе можат да се справат во таква прилично непријатна ситуација.

Таа дури и ја сподели својата несреќа и моментот кога забот испадна без двоумење на својот Инстаграм профил.

Погледнете го видеото од случувањето: