Војската на Нагорно Карабах собори два азербејџански хеликоптери користејќи ракети земја-воздух „Игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан, објавувајќи видео во кое наводно е прикажано леталото погодено од локалните сили, пренесува „Спутник“.

„Единиците на вооружените сили на Артсак [Нагорно Карабах] уништија два непријателски хеликоптери кои се приближуваа од источниот правец, користејќи „Игла““, напиша Степанјан на Фејсбук.

Արցախի ՊԲ ստորաբաժանումների կողմից արևելյան ուղղությամբ Իգլա ԴԶՀՀ-ով ոչնչացվել է հակառակորդի երկու ուղղաթիռПодразделения Армии обороны Арцаха из ПЗРК “Игла” уничтожили два вертолета противника на восточном направленииTwo enemy helicopters were destroyed by Igla MANPADS in the eastern direction by Artsakh #DefenseArmy units

Posted by Shushan Stepanyan on Вторник, 29 септември 2020

И двете страни пријавија бројни судири во изминатите неколку дена, обвинувајќи се едни со други за агресија. Во исто време, ерменските и азербејџанските војници објавија повеќе видеа со операции и напади едни против други.

Нагорно-Карабах, автономен регион со мнозинско ерменско население, прогласи независност од тогашниот советски Азербејџан во 1991 година. Големиот конфликт меѓу Баку и Ереван ја пустошеше областа сè до 1994 година, кога страните се согласија да започнат мировни преговори со посредство на Групата Минск на ОБСЕ. Сепак, односите меѓу двете нации останаа напнати поради замрзнатиот конфликт.

извор: Makfax