Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција ги пушти аудио-материјалите кои вчера беа споделени во дел од медиумите, и побара од Заев јавно извинување.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, рече дека кога е Заев пред камери е со раката на срце, а кога е зад камери го пцуе и дрско го навредува сопствениот народ.

„Пцуењето на Зоран Заев кон народот е тешка навреда за секој еден граѓанин, било тоа да е член на СДСМ или на ВМРО, или да не е член на ниту една партија. Нема друг таков политичар во светот кој го пцуе сопствениот народ и кој е аболиран за криминал. Исто така, Заев јавно признава дека СЈО предводена од рекетарската и криминогена дружина од на Катица Јанева е целосно под негова контрола. Тој самиот кажува дека управува со оваа компромитирана институција за рекет со зборовите ‘СЈО ќе превземе драстични чекори’“, вели Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ бара од Заев јавно извинување за, како што рече Јанушев, тешките навреди и пцости кон народот. Според него, Заев не заслужува да се занимава со политика.

извор: Makfax