По повеќе од три години предпродукциски пекол, на есен пред малите екрани конечно ќе можеме да уживаме во адаптацијата на славниот роман на Филип К. Дик.

Уште во јануари оваа година, Амазон ја прикажа пилот серијата The Man in the High Castle. Откако Амазон се фрли во телевизиски води, тоа беше нивен најгледан пилот до сега, што сепак беше доволно директорите да одлучат парите да ги вложат во цела сезона.

Во неа сепак ќе можеме да уживаме кон крајот на ноември оваа година. Снимени се вкупно десет епизоди кои верно го следат истоимениот роман на Филип К. Дик.

[video:https://youtu.be/zzayf9GpXCI]

Темата на серијата ќе биде од 1962 година, но во алтернативна историска верзија. Имено, Втората светска војна не ја добиле сојузничките сили, туку силите на Оската. САД се поделени на три дела. Источниот припаѓа на Јапонија и се вика Pacific States of America, западниот припаѓа на Германците, а помеѓу се наоѓа неутрална зона Rocky Mountain States. Здравјето на Хитлер е нарушено, а за моќ се борат Химлер и Гебелс. Мнозинството се согласуваат дека поделбата на САД била грешка: Нацистите сега ја сакаат целата земја.

Работите во фашистичка Америка функционираат токму така како што можете и да го замислите. Слободата на говорот, мислите и делувањата, не постојат, а редот и мирот во земјата ги спроведува војска која ќе убие секој кој не се покорува на волјата на режимот. Токму поради тоа, во подрумите во Америка се раѓа пресврт на отпорот…

Серијата ја режираше Франк Спотниз кои името го стекнал со работа на култната серија Досијеа X, а ја продуцираше самиот Ридли Скот кој претходно се обиде да ја сними во соработка со BBC и Syfy.

Серијата стигнува на 20 ноември оваа година.