Бројот на лица загинати во авионска несреќа што се случи на аеродромот во Москва Шереметјево се зголеми на 41.

Набргу по полетувањето од Москва до Мурманск, екипажот на авионот ,,Сухој Супервет-100″ побарал дозвола за присилно слетување.

За време на присилното слетување на авионот ,,Аерософт”, избувнал голем пожар.

,,Во авионот имаше 78 лица, вклучувајќи го и екипажот. Истрагата досега откри дека 37 лица ја преживеале несреќата”, рече Светлана Петренко, портпаролка на Руската Федерална комисија за истраги. Претходно, руски официјални лица изјавија дека најмалку 13 лица загинале во несреќата, вклучувајќи и две деца.

извор: Makfax