Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски со својот Рајн Некар Левен, имаше одличен настап во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. “Лавовите” славеа на гостувањето во Загреб со 24:23, а најзаслужен беше токму м,акедонскиот голман со 11 одбрани. Ова му го донесе местото во тимот на колото по првиот осминафинален дуел.

Тим на колото:
Голман: Борко Ристовски (Некар Левен)
Лево крило: Уве Генсхајмер (Некар Левен)
Лев бек :Михал Јурецки (Киелце)
Среден бек: Марко Тарабокија (Висла Плоцк)
Десен бек: Јохан Јакобсен (Фленсбург)
Десно крило: Златко Хорват (Загреб)
Пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем)

Покрај тоа, Ристовски уште еднаш се најде и во топ-листата од пет најдобри одбрани. Македонскиот репрезентативец го освои четвртото место со спречениот контранапад на Загреб, а на првата позиција се најде Матијас Андерсон од Фленсбург.

Најдобрите пет голмански интервенции во изминатиот викенд можете да ги проследите на следниот ЛИНК