Кон средината на ноември излегува новото (трето по ред) продолжение на популарното филмско остварување „Чарлиеви ангели“, во кое главните улоги ги играат Кристен Стјуарт, Наоми Скот и Ела Балинска. За целите на овој филм е снимена насловната песна Call Me Angel.

Оваа песна ја изведоа светските музички sвезди Аријана Гранде, Лана дел Реј и Мајли Сајрус, а судејќи според коментарите, песната требала да биде подобра и многумина очекувале дека Дел Реј ќе добие „повеќе простор“ при изведувањето на хитот.

 

извор: Makfax