,,Двете години од раководење со здравството од страна на Венко Филипче и СДСМ може да се сумираат и да се каже дека поминуваат единствено во најблаго речено криминални тендери.
Скандалозен тендер за раегенси и централизирани лабораторатории, скандалозен тендер за сржта на медицината – стерилизацијата, а сега на повидок е веројатно нов скандалозен тендер за набавка на мамографи”, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, во јавноста има информации за набавка на осум нови мамографи и тоа по цена од 85 милиони денари. ,,Официјалните податоци пак говорат дека во минатото шест мамографи се набавувале во вредност од 35 милиони денари. Разликата е огромна и прашањето е каде ќе завршат парите на граѓаните. Сите се свесни за напредокот на технологијата, но во околности кога министерот се поврзува со толку многу криминални тендери, со толку многу лаги, тешко е дури и да се помисли за искрени намери.

Оттука, министерот Филипче треба да даде повеќе одговори.Зошто дупло поскапи мамографи?
Пак ли знае однапред, како и за реагенсите, на која фирма ќе и го даде и овој тендер?
Дали тендерската документација ја подготвува по теркот на негова фирма?Дали тендерот ќе го објави кога веќе ќе биде договорен?, запраша таа.

,,Знаеме Филипче бега од одговори, бега од дебати со оние кои имаат поинакво мислење. Но, станува збор за трошење на народни пари и во овој случај одговорност мора да има.
Ако мисли да продолжи на ваков начин да го урива здравствениот систем, крајно време е Филипче да си оди. Филипче мора да ја напушти функцијата и да дозволи некој кој е способен да го води здравството”, додаде Андоновска.

извор: Makfax