Два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција околу 11 часот извршија прелет над територијата на Република Северна Македонија.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, објави видео од прелетот кој беше организиран како поздрав за нашето членство во НАТО.

Авионите над нашата земја летаа на височина од 1.500 метри.

Американските авиони полетаа од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.

извор: Makfax