„Како годинава, така и лани загадувањето на воздухот го достигна својот врв во скопскиот регион. Исто како загадувањето, на високо ниво беа и ветувањата на владата за решавање на овој проблем. Но, за жал, сфативме дека ова беше само празно ветување за дневна политика. Загадувањето продолжува и оваа година на високо ниво“, соопшти Алијанса за Албанците – огранок Чаир.

Пред неколку месеци, Алијанса за Албанците побара образложение од Министерството за Здравство, град Скопје и од другите надлежни органи за тоа зошто мазутот уште се користи како гориво во болниците и други државни институции, за кои беше ветено дека ќе преминат на системот на греење со гас.

„Но, не е тешко да се сфати дека сè за оваа влада останува само проект на хартија, како што се и нивните оправдувања.Граѓаните продолжуваат да се задушуваат во воздухот што го загадува самата држава, а за функционерите тоа не претставува проблем, затоа што за себе нарачале и прочистувачи на воздухот за затворени простории (Владата) со пари на народот.
Алијанса за Албанците повикува на итно решавање и реализација на ветувањата, наместо да се користат истите како следна ветувачка алатка. Треба да се преземат конкретни мерки за да се намали загадувањето на воздухот за граѓаните да не ги плаќаат сметките на владата со нивното здравјето“, се вели во соопштението.

извор: Makfax