Батлер во последните моменти од натпреварот дегажираше од својот шеснаесетник на кој неговите соигрчи да пробаат да го израмнат резултатот. Но, неговиот очајнички центаршут се претвори во големо славје. Топката по шеесетина метри падна во казнениот простор и го прескокна заспаниот противнички голман, Рос Ворнер, и заврши во голот.

[video:https://youtu.be/suo5eHDfdp8]

Трагедијата на гостите е поголема ако се земе предвид дека водеа до 89. минута, за потоа да примат два гола.

-Се уште не можам да поверувам каков гол постигнав. Тоа е мој прв во кариерата, и тоа каков. Ме радува овој бод, бидејќи не се предадовме до последниот судиски свиреж, изајви стрелецот на голот Батлер.

Хемел Таун моментално се наоѓа на десетото место во шестата англиска лига, додека Сутон Јунајтед на третата позиција.