Три лица загинаа откако мал авион се забил во станбена зграда во Германија, по што се запалил, јавија светските медиуми.

Според „Дејли мејл“, се претпоставува дека и едно дете е повредено во инцидентот што се случил во градот Весел, кој се наоѓа на околу 56 километри од Диселдорф.

Сведоци на трагедијата велат дека авионот се судрил со балон, по што ја променил насоката на движење и се забил во зградата.

Полицијата и припадници на противпожарната бригада пристигнале на местото на настанот, а локалните медиуми јавуваат дека пилотот сè уште не е пронајден.

Шефот на полицијата Питер Ројтерс изјавил дека службите за итни случаи биле повикани во 14.42 по локално време, јави Би-би-си.

„Три тела беа пронајдени во таванот на станбената зграда. Тие се возрасни. Детето беше полесно повредено, но во шок“, објаснил тој.

Очевидец за „Билд“ рекол дека се слушнала експлозија и дека видел авион кој надоаѓа како огнена топка.

Во близина на местото на несреќата бил пронајден падобран, а се верува дека откажал системот за сопирање на авионот.

Зградата во која завршил авионот има пет станови.

извор: Makfax