Авион со над 60 патници удри во зграда на аеродромот во Перт, Австралија.

Никој од 62. патници и четворицата членови на екипажот не е еповреден, пренесе „Вест аустрејлијан“.

Авионот на компанијата „Кобам Авиејшен“ удрил во зградата додека се движел на пистата бидејќи не успеал да закочи.

Инцидентот не влијаел на сообраќајот на аеродромот.

извор: Makfax