x

Видал со два збора ги испровоцира навивачите на Наполи (ВИДЕО)

Артуро Видал го остави Кике Сетиен без неговите услуги за реванш мечот со Наполи во Лигата на шампионите на 18 март, по вториот жолт картон на синоќешниот дуел, откако беше исклучен во 89. минута.

Темпераментниот играч од средниот ред при излезот од теренот знаеше точно како да ги испровоцира навивачите на Наполи, кои го испратија со гласни свирежи.

Од неговите усни, Италијанците прочитале како тој изговора „Форца Јуве“, со што дополнително ја „запали“ и така жешката атмосфера на Сан Паоло.

Колку за потсетување, Видал е поранешен играч на Јувентус, клуб, кој е омразен на југот на Италија.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата