Иако овој човек е свесен дека веројатно проектот нема да го заврши до крајот на неговиот живот, тој е истраен во него и единствената желба му е да биде закопан таму.

На периферијата на Мадрид, во последните 53 години, еден локален жител почнал со неверојатен проект. Хусто Гаљего Мартинез речиси сосема сам рачно изградил цела катедрала.

Гаљего по неговата професија не е ниту архитект ниту градежник, но тоа не го спречило да започне со (не)возможна мисија. Тој започнал како момче, а сега веќе има 90 години и понатаму секој ден работи на црквата, која сè уште не е готова.

Свесен е дека веројатно овој проект нема да го заврши до крајот на неговиот живот, но тој е истраен во него и единствената желба му е да биде закопан таму. Во последно време Мартинез има помош од пријателите и роднините, но поголемиот дел го изградил со голи раце, без дигалки и останати „чуда” на модерното време.

Погледнете ја величествената градба во видеото.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=pRy3S_tmJj4]