Банката на Литванија (LCB)  е прва во еврозоната и светот која ја издаде својата дигитална колекционерска монета ЛВКОИН, креиран врз основа на одлични информатички решенија.

Литванската централна банка соопшти дека ЛБКОИН е посветен на Актот за независноста на оваа земја од 1918 година и неговите 20 потписници.

-Дигиталните пари се извонреден приказ на она што го постигнавме во само неколку години по нашите стратешки одлуки да започнеме одлучно по патот на финансиските и платежни иновации. Служи како мост кој ги спојува класичната нумизматика и финансиската технолофија која брзо се развива, вели во соопштението Витас Василиаускас, претседател на одборот на Банката на Литванија.