Популарниот рапер Марко Маринковиќ-Слаткар, нешто по полноќ и доаѓањето на Новата 2020 година, имаше специјална честитка за годината во која влеговме. Среќата која тој ја доживува, им посака да им се случи на сите.

Имено, во новогодишната честитка на Слаткар, во фокусот е блажената сопруга Сања Николиќ која во ултра шик елегантно издание позира пред огледалото држејќи ја едната рака на нараснатиот стомак кој веќе се забележува.

-Ќе бидам татко. 2020-та ќе биде мојата најсреќна година. Ви ги посакувам моите убавини“, напиша Слаткар на Фејсбук и на Инстаграм и објави фотографија од убавата сопруга која во себе носи живот кој на објцата ќе им го промени целосно нивниот.

За потсетување, Сања и Слаткар се венчаа во 2014 година во еден скопски ресторан, а на големата свадба првиот танц го одиграа на песна која тој специјално ја напиша за неа, а присуствуваа многу познати личности од јавниот живот.

 

извор: Скопје 24.мк.