Вељко Ражнатовиќ објави фотографија на Инстаграм со неговата сопруга Богдана и синот Жељко, што предизвика многу коментари.

Имено, тој позираше со пушка и бебе во рацете, големо куче покрај него, како и Богдана која лупи краставици.

Ражнатовиќ стави и интересен опис:

Знаеш ли од каде си сине, погледни ги сивите планини, цвеќињата расцветани, Сонцето грее во Шумадија … (би ве замолил повеќе да не ја пријавувате сликата, благодарам, сликата не навредува никого) Поздрав од мајка Србија.