Не се чуствувам виновен за настаните од 27 април истакна поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски на денешното рочиште. Тој истакна дека ова е нарачка на извршната власт за да се влијае на гласањето за уставните измени.

Го разбрав обвинението, но разбрав и дека Обвинителството нема докази. Се работи за класичен политички прогон со цел пратениците да гласаат за уставните промени и пратениците тоа да го изнесат пред јавноста, рече Вељаноски пред судот.