Црно-белото е комбинација за сите времиња. Тука нема “утка”. Уште попривлечни се оние најситни комбинации од овие две бои, преточени во каро – ситни квадратчиња, или во пепито – уште поситни и изобличени квадратчиња. Тоа е главниот мотив за повеќето италијански дизајнери, кои за најново предлагаат да ги извлечете од орман чантите, чевлите и ракавиците во овие нијанси. Ако сте заинтересирани за нешто поново, тогаш нивна идеја е пепито во комбинација со црна кожа, или пепито во комбинација со некоја подречлива боја, како розе, жолта или сина, но само освежена со една лента. Манекенката која е облечена во вакво есенско палто како главен детаљ ја користи големата полуспортска, полудамска торба, со сина рамка наоколу и модерни антилоп чизми. Под ова раскопчано палто, одговара речиси с&”238;. Манекенката, храбра во облекувањето, си дозволила фустан во разигран цветен дезен, а вие можете да облечете буквално с&”238; – елегантно костумче во која било (сепак не многу дречлива) боја дури и џинс кошула и фармерки. Вториот модел јасно покажува дека овој стил всушност е универзален. Под сакото манекенката носи бел џемпер, бели панталони и златен детаљ. Совршено вонвременска елегантна комбинација, за на работа, за излегување – со еден збор за секоја пригода.