x

Вечер за подароци во Реал: „Кралевите“ си подаруваа стапови за голф, речник, тегови, играчки…

По се изгледа дека атмосферата во Реал Мадрид и не е така лоша како што се чини. Поради обврските во наредните денови, тие синоќа се собраа и ги одбележаа претстојните празници. Организираа „таен Дедо Мраз“ и си подаруваа подароци меѓу себе. Во центарот на вниманието беше Герет Бејл, кој за првпат откако е во Мадрид, дојде на една ваква, инаку традицонална, средба.

Тој од Марсело добил подарок стап за голф, на што необично му се израдувал, и воошто не се налутил, позната е алузијата. Лука Јовиќ добил шпански речник, со оглед на тоа дека тешко му оди аклиматизацијата во Мадрид. Најмладиот член на „кралевите“ Брахим Дијаз добил повеќе детски играчки, а Марко Асенскио стап за одење, додека Лукас Васкез тегови како потсетник дека сеуште мора да посетува теретана.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата