Македонското реално шоу, кое овој пат со право го носи името регионално, веќе е во тек, а по кусото прилагодување на кандидатите и првите решени “домашни задачи” на површина излегуваат и очекуваните пикантерии. Ситни кавги, малку солзи, првите искрички, “промотивното” капење на Хрватот Едис,











а не остана незабележано и романтичното капење на Словенецот Миро и Србинката Дијана и сето тоа под будното око на камерите пред кои животот го делат 12 момчиња и девојки од сите поранешни јурепублики, Словенија, Хрватска, БиХ, СЦГ, Македонија и Косово. Не останаа незабележ ани ниту домаќините. Така, нашиот Фичо си побара кондоми. Околу вистинитоста на објаснувањето поврзано со ова негово барање дадено пред камерите нема да дискутираме, но тоа не значи и дека ќе заборавиме – Филип ти си на ред! Патем, тој заради симпатијата кон Мирела и пренападното однесување го заработи и првиот жолт картон за недолично однесување. А само колку за информација по два жолти следува дисквалификација. Забрана падна и за темата секс. Цела недела им е забрането да дискутираат на тема секс, што наиде на многу позитивна реакција кај женскиот дел. Казната за прекршување на забраната е 100 негативни поени (гласови). До судир дојде и меѓу претставниците на Хрватска, Јосипа и Един, кои понесени од далматинските темпераменти “дискутираа” со повисок тон. Словенката Матеја не можеше да ги сокрие солзите и тоа колку и недостасуваат домашните, додека, пак, поранешната мисица Санела Абази го покажа своето незадоволство поради претераната голотија и несимпатиите кон Босанката Мирела, која за разлика од распеаната Јосипа ја нарече разгалена и преслободна. Секојдневието кандидатите го разбиваат со “домашни задачи” и игри, па досега се претставуваа себе и земјата од која доаѓаат, играа “погоди кој сум”, а во текот на вчерашниот ден дури и се журкаа. Заеднички го прославија 22 роденден на словенечката претставнич ка Матеја. Можност да присуствува на забавата и да и го честита роденденот на Матеја имаше и нашата екипа, а ексклузивните материјали од она што се случуваше таму ќе можат да ги видат и нашите читатели. Шоуто, инаку комплетно изолирано од надвореш ниот свет, секако, со исклучок на модераторите кои се задолжени за дневните задачи на учесниците се одвива во луксузна куќа во Скопје и почнувајќи од 23 ноември ќе трае 90 дена. Во текот на 24 часа кандидатите на кои куќата ќе им биде дом минимум 20, а максимум 90 дена, ќе ги следат 21 камера и 40 микрофони. Што се однесува, пак, до интересот освен земјите учеснички, кои вршат преноси, за снимање прилог од и за шоуто се пријавила и Италијанската национална телевизиска куќа РАИ, која направи интервју со сопственикот на шоуто. Текст и фотографија: “Вечер” …И ќе има пак!