Вечер.мк дојде до вториот сет на мерки на Владата за справување со економската криза. Еве дел од нив:

Мерка 1 – Финансиска поддршка на правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19.

Механизам на спроведување: Финансиска подршка на погодени од кризата правни субјекти, работодавачи од приватниот сектор за месеците април и мај 2020 година, со износ на минимална плата (14.500 денари/месчно) по работник

  • Предмет на финансиска поддршка е исплатата на платите на работниците кај работодавачот-барател на финансиска поддршка за месеците април 2020 година и мај 2020 година во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, сразмерно на остварените ефективни часови поминати на работа.
  • Со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштитата на работните места на работниците во услови на криза.
  • Со цел спроведување на мерката ќе биде отворена Владина Програма за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19.
  • Работодавачите, правни субјекти од приватниот сектор самостојно ќе ја исплатат платата на редовен начин преку алатката МПИН на Управата за јавни приходи,
  • Работодавачите од приватниот сектор баратели на финансиска поддршка ќе треба да исполнат неколку услови за да ја користат мерката:
  • да не исплаќаат дивиденди на сопствениците; како и бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност и сл. на вработените и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот
  • да имаат најмалку 30% намалување на приходите споредено со просекот од минатата година / сезонскиот просек (за работодавачите кои вршат сезонска дејност),
  • за месецот за кој се бара финансиска поддршка, просекот на делот на највисоките нето плати на 10% од бројот на вработените кај работодавачот-барател на финансиска поддршка, да не надминува износ од 120.000 денари месечно по вработен
  • Дополнително:
    • Финансиската поддршка не се однесува на оние вработени кои за месеците декември 2019 година, јануари и февруари 2020 година примиле нето плата повисока од 39.900 денари.

Работодавачите што ќе добијат финансиска поддршка од оваа мерка имаат обврска истиот број на вработени што го имале за месец февруари 2020 година да го задржат заклучно со месец септември 2020 година.

  • Добиената финансиска подршка нема да ја враќаат работодавачи што искажале загуба за 2020 година. За останатите враќањето е лимититирано до износ од 50% од добивката пред оданочување зголемена за оданочивите расходи (расходи кои не се во функција на дејноста и го намалуваат финансискиот резултат).

Оваа мерка ги опфаќа и медиумските правни субјекти од приватниот сектор, под истите услови

Заклучок 1 – Се Задолжува Министерството за финансии во рок од 2 дена да изготви и до Владата да достави Предлог – Уредба со законска сила за реализирање на мерката број 1.

_________________________________________________________________________________

Мерка 2 – Помош за спортистите

За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

Заклучок 2 – Се Задолжува Министерството за финансии во соработка со Агенцијата за млади и спорт во рок од 2 дена да изготви и до Владата да достави Предлог – Уредба со законска сила за реализирање на мерката број 2.

________________________________________________________________________

Мерка 3 – Помош за уметниците

За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

Заклучок 3 – Се Задолжува Министерството за култура во рок од 2 дена да изготви и до Владата да достави Предлог – Уредба со законска сила за реализирање на мерката број 3.

_________________________________________________________________________________

Мерка 4 – Месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот, во време од 6 месеци.

За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест – месечна плата, секој месец во висина од 50% од просечната месечна нето плата, а најмногу до 80% од просечна плата во РСМ на работникот за последните 24 месеци односно согласно член 68 од законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

Заклучок 4 – Се Задолжува Министерството за финансии да изготви и до Владата да достави Предлог – Уредба со законска сила за реализирање на мерката број 4.

_________________________________________________________________________________

Мерка 5 – Сите избрани и именувани функционери ќе примаат минимална плата од 14.500 ден во април и мај 2020 година.

Сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земат минимална нето плата (сметано од декември 2019) од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година.

Заклучок 5 – Се Задолжува Генералниот секретаријат во соработка со Министерството за финансии во рок од 2 дена да изготви и до Владата да достави Предлог – Уредба со законска сила за реализирање на мерката број 5.

_________________________________________________________________________________

Мерка 6 – Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции нема да примаат надомест за времетраење на кризата

Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршната и локалната власт, како и претседатели и членови на советите на општините, и претседатели и членови на комисии формирани од извршната и локалната власт кои се истовремено некаде вработени, нема да земат никаков надоместок додека трае кризата. Одлуката ќе важи додека Владата не донесе одлука за престанок на истата.

Заклучок 6 – Се Задолжува Генералниот секретаријат во соработка со Министерството за финансии во рок од 2 дена да изготви и до Владата да достави Предлог – Уредба со законска сила за реализирање на мерката број 6.

_________________________________________________________________________________

Мерка 7 – Грижа за лицата во неформалната економија – Надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија

За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за месец април и мај. Тие ќе добијат просечно по 7.000 денари по домаќинство.

Проценетиот опфат со новите мерки изнесува околу 20.000 нови домаќинства од неформална економија и 30.000 постоечки корисници.

Заклучок 7 – Се Задолжува Министерството за труд и социјална политика во соработка  со Министерството за финансии во рок од 2 дена да изготви и до Владата да достави Предлог – Уредба со законска сила за реализирање на мерката број 7.

_________________________________________________________________________________

Вториот сет мерки се 17 на број и ќе ги ооопшти Владата.