“Ова е пријатно изненадување за нас”- ни рече Димитар Каранфиловски, кој ја посети нашата Редакција за да ја подигне наградата што ја доби неговата ќерка Зоја Каранфиловска. Таа не беше во можност да ни биде гостин вчера, од причина што беше на работа. Вработена е во Основниот суд 1 и има 52 години. Зоја, воопшто, не знаеше дека добила пари и дека нејзиниот татко ги зел. Димитар не и јавил на својата ќерка дека примил радосна вест. Едноставно, дојде во Редакцијата ги зеде паричките, се фотографираше, ни вети дека Зоја ќе ги добие парите и си замина. Меѓутоа тато Димитар е виновникот што Зоја доби 8 000 денари. Тој редовно купува “Вечер” и по иницијатива на Зоја ги собира купоните. Испратил четири пликови, две на негово име и две на име на Зоја. Зоја беше посреќната. А бидејќи нејзиното име се најде на списокот на среќ- ни добитници, Димитар вели парите се нејзини. “Зоја ќе ја пречека Новата година на Градскиот плоштад со пријатели. Со парите, веројатно, ќе си купи нешто за празниците. Не можам да ви кажам што точно планира бидејќи сe` уште не сум ја израдувал”- ни рече таткото на нашата 69. добитничка. Тој редовно чита “Вечер” и вели дека е многу добар. “Богат е со содрж ини и материјали и има што да се чита. Не можам да одвојам посебна страница бидејќи целиот е интересно и го читаме сите, и јас и ќерката и синот” – ни рече таткото на добитничката, а ние ќе речеме СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!!!