Не можете да влезете во Европската Унија и да го демократизирате своето општество, а од друга страна да го величите еден од најмрачните диктатори, Тито, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева најавувајќи го ветото.

Бугарија, имено, се заканува со вето на усвојувањето на преговарачката рамка со Северна Македонија и одржување на прва меѓувладина конференција на која би се отвориле првите преговарачки поглавја.

Логично, оваа изјава предизвика бурни реакции меѓу Македонците. Не само кај нив. Загрепскиот „Вечерњи лист“ истакнува и реакции на Флоријан Бибер кој тврдењето на Захариева апсурдно, па праша како Словенија и Хрватска успеале да влезат во ЕУ.

Величењето на Тито во поранешните југословенски републики секако е приказна за себе, и во секоја република тоа е тема за сериозна полемика и далеку од тоа може да се зборува за некој преовладувачки став. Иако во Македонија, од неодамна Северна Македонија, можеби Тито предизвикува и најмалку поделби.

Сепак, „Вечерњи“ потсетува дека дури и еден споменик составен од мозаични камчиња во облик на буквите Тито, успеа да привлече пари од Европскиот земјоделски фонд за рурален развој, така што „може да се каже дека во таа држава Тито дури и повлекува пари од фондовите на ЕУ“.

Она што на Бугарите, конкретно на Захариева и пречи кај Тито, е што го обвинуваат за наметнување нов идентитет на Македонците, бидејќи нив ги сметаат за народ кој претходно се изјаснувале кко Бугари, како и тоа дека Србите пред Тито се обидувал да им наметнат идентитет „јужни Срби“.

Бугарската дипломатија испрати еден „објаснувачки меморандум“ на сите држави членки на ЕУ во кој се наведува дека Јосип Броз Тито – се мисли на измислување на македонскиот идентитет – се чини дека бил инспириран од одлуката на Коминтерната од 1934 година за креирање нови нации, Македонци, Тракијци и Добруѓани.

-Ако продолжиме да затвораме очи пред фактот дека таа земја продолжува да се развива како што тоа го замислиле Тито и Сталин, тогаш ги извршуваме работите на Москва, рече Захариева, министерка за надворешни работи, за телевизијата БТВ.