x

Вечерва стартува операцијата “Тбилиси“, сакаме победа и пласман на ЕВРО 2020!

sobir

Иако официјалниот собир е закажан за утре, сепак вечерва стартува операцијата “Тбилиси“. Имено вечерва доаѓаат во нашата база, во хотелот “Гранд Плаза“, оние репрезентативци кои ги завршија своите обврски кон своите клубови и тоа како Николов, Муслиу, Алиоски, Несторовски, Бејтулаи…додека другите ќе се придружат во текот на утрешниот ден.

Секој член на репрезентацијата веднаш при влегување во хотелот ќе биде тестиран на Ковид-19, па дури потоа ќе може да им се придружи на своите колеги.

Кога сме кај тренинзите, ќе ги има два во Скопје, првиот ќе се одработи утре вечер и тоа на Арената “Тодор Проески“ со почеток од 19:30 часот. Вториот во вторник, а во среда рано наутро ќе се лета за Тбилиси, каде во четврток не очекува историскиот меч со Грузија за пласман на ЕВРО 2020.

Не криеме дека сите ние, јавноста, оваа нација, оваа држава, сите граѓани на Македонија, очекува од своите момци, од селекторот Ангеловски, капитенот Пандев и останатите, победа и пласман на ЕВРО 2020.

Само да изостанат евентуалните проблеми со повреди и со Ковид-19, да биде комплетни, а потоа се знае, битка испишување на историјата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата