Пред домашната публика ќе го претстави својот последен албум насловен „Револве”, објавен кон крајот на минатата година и кој го наследи дебитанскиот албум „Tribute” – продаден во платинесто издание. Македонската публика премиерно ќе може да слушне и неколку песни што досега овој пејач ги немал изведено во живо.

Интересно е што како гости на концертот на Џон Њуман ќе настапат Даниел Кајмакоски и Ај Кју. Имено, организаторот на концертот – Авалон продукција како поддржувач на македонската музичка сцена, секогаш кога организира концерти на големи светски артисти доставува барање до менаџментите на истите за настап на македонски артисти, а овој пат на нивно огромно задоволство им било одобрено на сцената да застанат Кајмакоски и Ај Кју.

Освен пред македонската публика Њуман ќе настапи и во Белград и Загреб на тамошните фестивали Belgrade Calling (22.06) и Zagreb Calling (23.06), исто така, во организација на Авалон продукција, а каде ќе биде хедлајнер.