x

ВЕЧЕРВА ПОВТОРНО ЛШ: Барселона никогаш не славела во Торино

cl

Денеска осум нови натпревари во Лигата на шампионите и тоа во групите Е, Ф, Г и Х. Но дефинитивно најдобриот ќе се игра во Торино помеѓу поранешните европски шампиони Јувентус и Барселона. „Старата дама“ во првото коло го победи Динамо Киев со 2:0 во Киев, а Барселона на свој терен со 5:0 го победи Ференцварош. Јасно е дека Јуве и Барса ќе ги заземат првите две места, но прашање е само кој ќе биде прв, додека Динамо и Ференцварош ќе атакуваат на третото место кое води во Лига Европа.

Инаку досега Јувентус и Барселона одиграле 11 натпревари меѓу себе со скор од три победи за Јуве, четири за Барса, а четири меча завршиле со нерешен резултат.

Последните дуели им се во 2017 година во групата на ЛШ. Во Торино 0:0, на „Ноу Камп“ 3:0 за Барселона.

Но Кристијано Роналдо нема да го видиме во дресот на Јувентус вечерва затоа што се уште не го откачил коронавирусот и останува во изолација.

Барселона е потресена од отставката на претседателот Бартомеу и неколку негови соработници, па мечот со Јувентус некако е во втор план. Сепак, тренерот Роналд Куман има проблеми во составување на тимот. Поради суспензија ќе го нема Жерар Пике, а поради повреди ги нема Тер Штеген, Кутињо и Самуел Умтити.

Јувентус ја брка 100-тата победа во 200-тиот меч во Лигата на шампионите. А Барселона никогаш не славела во Торино.

ЛШ – 2.коло
ЈУВЕНТУС – БАРСЕЛОНА
среда, 21:00 ч.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ: ГГ или 1+I&1+II

ВЕЧЕРВА НА ПРОГРАМАТА

ГРУПА Е

КРАСНОДАР – ЧЕЛЗИ    18:55 ч.
СЕВИЉА – РЕН  21: 00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ф

БОРУСИЈА Д. – ЗЕНИТ   21:00 ч.
БРИЖ – ЛАЦИО                21:00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Г

ЈУВЕНТУС – БАРСЕЛОНА               21:00 ч.
ФЕРЕНЦВАРОШ – БРИЖ               21:00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Х

МАН.ЈУНАЈТЕД – ЛАЈПЦИГ         21:00 ч.
БАШАКШЕХИР – ПСЖ    21:00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата