x

Вечерва е торинското дерби – Пирло очекува тензичен меч против „биковите“

juvetorino

Дојде време за торинското дерби. Вечерва на „Алијанц“ во Торино од 18:00 часот во рамките на Серија А ќе играат Јувентус и Торино – „Старата дама“ против „биковите“ во дербито на колото. Јувентус е на шест поени од лидерот Милан и мора да одговори позитивно после изненадувачкото реми со „аутсајдерот“ Беневенто минатата недела.

Ова е важно дерби за двете екипи. Секогаш е тензично и очекувам исто да биде и сега. Имав среќа да одиграм неколку торински дербија, почувствував како е да се победи, а дури и постигнав неколку важни голови. Ќе се обидеме да ја вратиме силата после оној дуел со Динамо Киев во Украина. Торино е добро изградена екипа со одличен тренер. Тие демонстрираат убав фудбал и имаат одлични играчи на сите позиции“, рече тренерот на Јуве, Андреа Пирло.

Кај „Старата дама“ ќе го нема Алваро Мората поради суспензија. Поради повреда ќе го нема и Демирал, а неизвесен е Буфон. Кај Торино дефинитивно во аут е Басели.

Торино има лош биланс со Јувентус во поновата историја. Веќе 12 натпревари во сите конкуренции го нема победено соседот (две ремија и 10 порази). А не памети кога последен пат го совладал големиот ривал во гости.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата