Вечерва голем пожар избувнал во скопската населба Лисиче. Според првичните информации, добиени од очевидци зафатени се неколку куќи во близина на трговскиот центар.

Противпожарните екипи веќе се на терен и работат на локализација на пожарот.

Се уште нема информации како избувнал пожарот. Наскоро се очекуваат повеќе детали.