x

ВЕЧЕРВА ВО ЛШ: Убави дуели во Киев, Бергамо и Марсеј

cl

Денеска продолжува групната фаза од Лигата на шампионите. Се игра 2.коло од групите А, Б, Ц и Д. На нив нема некое изразито дербо но има интересни пресметки. Во Киев ќе се соочат украинскиот првак Шахтјор и италијанскиот Интер. По големиот триумф над Реал во Мадрид, од Шахтјор се очекува да ја потврди силата и против Интер и притоа да ја впише првата победа над „нероаѕурите“ во четвртиот меч (претходно има два порази и едно реми).

Во Бергамо играат две екипи кои негуваат отворен, атрактивен и ефиксен фудбал. Аталанта против Ајакс. Додека Аталанта со 4:0 славеше на гости кај дебитантот Митјиланд, Ајакс изгуби од Ливерпул на свој терен со автоголот на Таљафико. Ова е прв дуел меѓу двете екипи.

Интересно, Аталанта има само пет порази во претходните 24 европски натпревари (12 победи и седум ремија). А вечерва клубот од Бергамо ќе го игра 46-тиот европски меч во историјата.

Ајакс по 16-ти пат игра во групите на ЛШ изедначувајќи го холандскиот рекорд на ПСВ.

Во Марсеј за првпат ќе се соочат Олимпик Марсеј и Манчестер Сити. Марсеј ја игра 10-тата сезона во ЛШ, но прва после 2014 година. Три пати во тие девет кампањи клубот од „Велодром“ не ја поминуваше групната фаза.

Да потсетиме дека Марсеј во првото коло изгуби од Олимпијакос, додека Сити го совлада Порто.

 

ЛШ – 2.КОЛО

ГРУПА А
ЛОКОМОТИВ – БАЕРН  18:55 ч.
АТЛЕТИКО – САЛЦБУРГ                21:00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Б
ШАХЈОР – ИНТЕР             18:55 Ч.
МЕНХЕНГЛАДБАХ – РЕАЛ М.     21:00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ц
МАРСЕЈ – МАН.СИТИ    21:00 ч.
ПОРТО – ОЛИМПИЈАКОС            21:00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Д
АТАЛАНТА – АЈАКС         21:00 ч.
ЛИВЕРПУЛ – МИТЈИЛАНД          21:00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата