x

Вецлар и Миркуловски убедливо, Пешевски и Штутгарт „паднаа“ во Берлин

mirkulovski-veclar

Половичен учинок за македонските претставници во Бундес-лигата. Филип Миркуловски и Вецлар брзо им се вратија на победите. По поразот од Лајпциг минатото коло, на домашен терен славеа убедливо против Балинген со 36-26.

Миркуловски беше стрелец на еден гол во седмиот триумф на Вецлар, кој се наоѓа седмото место на табелата со скор од уште шест порази.

Штутгарт не успеа да го мине гостувањето кај фаворитот Фуксе Берлин, беше поразен со 31-25. Второто полувреме беше клучно за победата на домашниот тим по нерешените 15-15 на одморот. Тимот од Берлин со серија од 6-0 поведе со 21-15 и до крај не дозволи кам-бек на противникот.

Жарко Пешевски беше стрелец на три гола во поразот на Штутгарт, кој се наоѓа на шестата позиција со седум победи, реми и пет порази.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата