x

Вецлар и Миркуловски поразени во дербито со Мелсунген

Филип Миркуловски и Вецлар се поразени на дерби дуелот со Мелсунген. Тимот за кого настапува македонскиот ракометар не успеа да врзе нова победа, на гостински терен беше совладан со 28-26 во рамките на 26. коло во Бундес-лигата.

На Вецлар добро му тргна, поведе со 4-10. Домашниот состав успеа да се врати во игра на полувремето намали на 13-14. До средината на следниот период се играше изедначено, по што Мелсунген успеа да се искачи на плус 27-23. Вецлар дојде на 27-25, но немаше сили за пресврт.

Миркуловски беше стрелец на еден гол од четири обиди, зад своето име додаде уште две асистенции.

Велцар е на осмото место со 27 бода, пет помалку од Мелсунген.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата