x

Вецлар и Миркуловски го демолираа Кил

mirkulovski-veclar

Убавината е Бундес-лигата е во тоа што секој може да изненади секого. Ова вечерва на дело го докажа Вецлар за кого настапува Филип Муркуловски, на домашен терен го совлада Кил и тоа со убедливи 31-22.

Домашниот тим беше подобар и во првото полувреме, ја имаше конролата на мечот уште на стартот. Отвори со серија од 6-1, имаше и водство од девет гола 17-8, Кил на одморот успеа да намали на 18-11. Ништо не се промени ниту во продолжение, Вецлар се искачи на двоцифрени 29-19 и до крај умешно го чуваше водството.

Миркуловски не успеа да се запише во листата на стрелци, имаше едно исклучување. Холст со осум гола беше најефикасен, на другата страна Екберг запиша пет погодоци. За Кил ова беше прв пораз, за Велцар втора победа во новата сезона.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата